Д-Р ЈОЛЕВСКИ
Тим
Во Д-р Јолевски се гордееме со нашиот посветен и искусен стоматолошки тим. Нашите високо обучени професионалци се посветени на обезбедување исклучителна стоматолошка нега и обезбедување на вашата удобност во текот на вашата посета. Запознајте го нашиот тим од експерти кои се страстни да ви помогнат да постигнете оптимално орално здравје и убава насмевка.

Д-р ЉУБО ЈОЛЕВСКИ
Спец. ортодонт
Д-р Љубо Јолевски е сопственик на Стоматолошката клиника. Тој е член на Македонската стоматолошка комора, исто така член на EAS-Europian aligners Society и DGAO- Deutsche Gesellschaft fur Aligner Orthodontie. Посетува многу курсеви за ортодонција. Последните години повеќе се вклучува во новиот дигитален ортодонтски тренд – светски познатите алајнери и стана првиот ортодонт во Македонија и регионот кој работи со овој третман. Зборува англиски и германски јазик.

Д-р ЕМИЛИЈА СТОЈАНОСКА
Спец. Орална хирургија и имплантологија
Д-р Емилија Стојаноска е доктор по стоматологија од 2013 година. Од 2021 година е специјалист за орална хирургија и имплантологија. Нејзиниот главен фокус е конзервативната и естетска стоматологија и естетика на лицето. Во 2013 година се стекнува со титула магистер по стоматолошки науки. За нејзе пишува и Англискиот Журнал за микроскопија “Enamel alteration following tooth bleaching and remineralization”. Учесник е на многу конгреси и едукативни туторијали во нашата земја и во странство. Течно зборува англиски и германски јазик.

Д-р МЕРСИХА ЉАТО
Спец. Пародонтологија
Д-р Мерсиха Лато е дипломиран доктор по стоматолошка медицина. За време на студирањето и волонтерската работа го стекнала своето прво работно стоматолошки искуство. Постојано продолжува да се едуцира на многу семинари и работилници во нашата земја и во странство. Од 2012 година е дел од тимот на стоматолошка ординација „ПЗУ Д-р Јолевски“. Д-р Мерсиха е член на Стоматолошката комора на Македонија. Почнувајќи од 2023 година. Мерсиха има завршено и специјализација за Пародонтологија. Течно зборува англиски, албански и турски јазик.

Д-р ЈАНА ЛАЗОРОСКА
Спец. Ортодонтологија
Д-р Јана Лазороска дипломирала во 2009 година на Факултетот за стоматологија во Скопје. По завршувањето на стоматолошката пракса и полагањето на државниот испит, во 2010 година започнува да работи како доктор по стоматолошка медицина. Таа е дел од нашиот тим од 2012 година. Нејзини посебни точки на интерес се протетиката и естетската стоматологија. Таа е член на Стоматолошката комора на Македонија и континуирано посетува стоматолошки курсеви и конференции во Македонија и Европа.

Д-р СЛОБОДАН ЦВЕТКОСКИ
Спец. Пародонтологија
Д-р Слободан Цветкоски дипломирал во 2013 година на Факултетот за стоматологија во Скопје. Работи во Д-р Јолевски од 2015 г. Во текот на своето работно искуство се стекнува со многу меѓународни сертификати од различни стоматолошки области: имплантологија , ендодонција , протетика и дигитална стоматологија. Постојано го усовршува и надградува своето знаење со посета на многу конгреси и симпозиуми. Почнувајќи од 2023 година, Слободан заврши со специјализација за Пародонтологија. Зборува англиски, германски и италијански јазик.

КЛИМЕНТИНА КОСТЕСКА
Забен помошник

ВЕСНА БАШОСКА
Забен помошник

МАРИЈА ШАПКАРОВСКИ
Забен помошник

Мартина Кубароска
Забен помошник

ДАНИЕЛА ПЕТРЕСКА
Забен помошник

ИЛИНКА ЈОЛЕВСКА
Администратор

РОСАНА БУДОСКА
Забен техничар

БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ
ИТ техничар